Бесплатна достава за нарачки над 1.300 денари

Електрична Верижна Пила Bosch 1800W 35см

8.990 ден

Има залиха
  • Visa Card
  • MasterCard
Брзо и безбедно онлајн плаќање со дебитна или кредитна картичка.
SKU: 06008Б8303 Категории: , , Бренд:

Опис

Електрична пила за сечење дрва со снажен мотор со моќност од 1800 W. Идеална е за сечење гранки и сечење дрва за огрев. Се погонува на електричен мотор кој го врти ланецот на пилата со голема ефикасност и со минимални губитоци на снага. Благодарение на долгото сечиво со ланецот, оваа пила може да се користи за различни намени во домот и во дворот. Има систем за автоматско подмачкување на пилата. Исто така има и концентричен SDS систем за лесно затегнување и менување на ланецот без користење на дополнителен алат. Резервоарот за масло е поставен странично со поврзан капак за дополнување.

Брзината на вртење на пилата е 12m/s. Должината на мечот за сечење е 35см а максималната должина која може да се исече е 30см. Пилата е широка 274мм, долга 415мм и висока 216мм. Тешка е 4,2кг и има ергономски дизајн за полесно ракување.

Пилата користи ланец од типот Орегон. Има вкупно 52 погонски алки. Во пакувањето следуваат и еден ланец за пилата, шипка водилка и заштита за ланецот.

Нивото на звучен притисок е 94 dB(A), а нивото на звучна моќност е 102 dB(A).

 

Моќна и едноставна за користење. За постигнување резултати без напор.

Моќен мотор од 1800 W со брзина на ланецот од 12 m/s за брзо сечење.

Концентричен SDS систем за лесно затегнување и менување на ланецот без користење алат.

Странично поставен резервоар за масло со привезок капаче за дополнување.

Тешка е само 4,2 kg. Има ергономсмки дизајн за полесно ракување.

Идеална е за сечење гранки и дрва за огрев, како и за сечење трупци.