Опис
Шпакла за професионална употреба. Се користи за фина обработка на ѕидни површини. Работниот дел на шпаклата е широк 150мм а е долг 115мм. Металниот дел е изработен од ростфрај. Шпаклата има фино обработена гумена рачка со ергономски облик за поудобно користење. На самата рачка шпаклата има додаток со лежиште за еден бит кој може да се наврти на крајот на рачката. Овој додаток е голема предност при користењето на оваа шпакла.









