Опис
Ножици за арматура, наменети за сечење на арматурни жици со дијаметар до 8мм. Вкупната должина на ножиците е 450мм. Главата на ножиците е изработена од висококвалитетна хром ванадиум легура со што се овозможува долготрајност на ножиците. Острите рабови на сечивото се индукциски зајакнати со што се овозможува лесно сечење на арматурата. Ножиците се со ергономски дизајн за попрактично користење. Рачките се обложени со гума со што се спречува лизгање при работа.








