Опис
Клешти за прицврстување изолирани кабли. Вкупната должина на клештите е 610мм. Наменети се за кабли со напречен пресек од 10 до 120мм2 (8-4/0 AWG). Металниот дел од клештите е изработен од висококвалитетнa челична легура со издржливост на челикот од 40 HRC за да се овозможи долготрајно користење на клештите. Рачките на клештите се ергономски дизајнирани. Обложени се со мек ПВЦ гумен материјал со што се спречува лизгањето и се зголемува удобноста при користењето.






