Опис
Клешти за прицврстување изолирани кабли. Вкупната должина на клештите е 140мм. Боите се наменети за полесно избирање на потребниот дијаметар на кабелот. Наменети се за конектори во рангот од 0.34 до 6мм2 (22-10 AWG). Металниот дел од клештите е изработен од висококвалитетнa челична легура од хром-ванадиум со издржливост на челикот од 48 HRC за да се овозможи долготрајно користење на клештите. Рачките на клештите се ергономски дизајнирани. Обложени се со мек ПВЦ гумен материјал со што се спречува лизгањето и се зголемува удобноста при користењето.









