Бесплатна достава за нарачки над 1.300 денари

Кровен прозорец 66х118 см GZL FK06

23.329 ден

Има залиха
  • Visa Card
  • MasterCard
Брзо и безбедно онлајн плаќање со дебитна или кредитна картичка.
SKU: 033ВЕЛ Категории: , , Бренд:

Опис

Кровниот прозорец GZL FK06 1051 ги вклучува сите Velux карактеристики како што се: рачка на горната страна на прозорецот и можност за ротација на крилото за 180 степени. Со ова се овозможува полесно чистење на надворешното стакло. Овој модел има можност за вентилациски отвор, кој може да се смести во горниот дел на крилото.
Овој модел е изработен од ламелирано и импрегнирано борово дрво, заштитено со еден слој акрилен лак на водена база. Во зависност од изложеноста на сонце и на влага, се препорачува повторно обновување на лакот.

Во пакувањето на прозпрецот не е вклучена термоизолациона опшивка.

НАЧИН НА ОТВОРАЊЕ:
Ротирање на крилото околу средишна оска на рамката со помош на горната рачка. Крилото може да се ротира во положба поволна за чистење.

КОСИНА НА КРОВОТ:
Можност за инсталација при косина на кров од 15 до 90 степени.

ПРОВЕРТРУВАЊЕ:
Отворот за вентилација овозможува размена на воздух од 10 до 16 метри кубни на час, во зависност од ширината на прозорецот. Воздушниот филтер спречува навлегување на прашина и инсекти во внатрешноста на просторијата. Вградениот воздушен филтер е лесен за одржување.