Поврат и рекламации
Купувачот има право во рок од 14 дена од приемот на производот да го врати или замени, доколку истиот не одговара по форма, големина, боја, модел или од другa причина. Услов за враќање е производот да не е употребуван, да е неоштетен, со сочуван изглед, фабрички означувања и оригинално пакување, заедно со приложена фактура.
Доколку продавачот во моментот не располага со соодветен производ за замена, купувачот може да избере:
-
Расткинување на договорот и поврат на уплатени средства.
-
Замена со друг производ кога истиот ќе биде достапен.
Исклучок: Правото на повлекување не важи за производи што поради хигиенски или здравствени причини не се погодни за враќање, доколку се отворени по испорака.
Постапка за враќање
За да се процесира поврат, купувачот треба да испрати барање по е-пошта на web@baucentar.com.mk или да се јави на телефон 071 333 651. Со поднесување барање, купувачот се согласува неговите лични податоци, вклучувајќи трансакциска сметка, да бидат обработени исклучиво за потребите на враќање или рефундација.
По прием на производот, продавачот врши проверка дали истиот е вратен во правилна состојба. Доколку е оштетен или употребуван, барањето се одбива и производот се враќа назад на купувачот на негов трошок.
Рокови и трошоци
-
Барањето за поврат/замена мора да се поднесе најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот.
-
Трошокот за враќање/нова испорака изнесува 160 денари, освен во случај на погрешен или неисправен производ.
-
Рефундацијата се врши во рок од 14 дена од прифаќање на барањето.
Начин на рефундација
-
За нарачки платени со картичка – средствата се враќаат на истата картичка (Visa, MasterCard, Maestro).
-
За нарачки платени во готово – средствата се враќаат на трансакциската сметка доставена од купувачот.
Рекламации
Доколку производот е оштетен при испорака, купувачот мора да го пријави проблемот во рок од 24 часа од приемот, со испраќање е-пошта на web@baucentar.com.mk и приложување број на нарачка, шифра на производ и фотографија од оштетувањето.
Продавачот потоа организира преземање на производот преку курирска служба. Ако се утврди дека оштетувањето е по вина на купувачот, рекламацијата се одбива.
Рекламациите се решаваат во рок од 14 дена од приемот на производот, доколку истиот е вратен во оригинално пакување и без знаци на употреба.
Во случај на прифатена рекламација, купувачот може да избере замена на производот или поврат на средствата.
