Начини на плаќање
Сите цени објавени на веб страницата baucentar.mk се прикажани со вклучен ДДВ и се изразени во денари. При купување преку нашата онлајн продавница, достапни се два начина на плаќање:
1. Плаќање при испорака (во готово)
Овој метод подразбира уплата директно кај курирот, во моментот на прием на пратката. Плаќањето се врши исклучиво во готовина.
Во случај да биде потребна рефундација за нарачка извршена со готовинско плаќање, средствата не се враќаат во готовина, туку се уплатуваат исклучиво на трансакциската сметка која купувачот ќе ја достави при поднесување на барањето за поврат.
2. Плаќање со платежна картичка
Ова е најбрз и најбезбеден начин на плаќање. Нашата онлајн продавница поддржува Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro картички. За успешно плаќање, картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) трансакции од страна на банката која ја издала.
Безбедност на трансакцијата
По изборот на овој начин на плаќање, корисникот автоматски се пренасочува кон сигурната страница за плаќање, која е сертифицирана за онлајн плаќања. Оваа страница користи современи протоколи за енкрипција и заштита на податоци.
Податоците кои ги внесувате (број на картичка, име и презиме, датум на важност и CVV/CVC код) се користат исклучиво за процесирање на трансакцијата и не се чуваат, ниту пак се видливи за Кармен бауцентар ДООЕЛ Скопје. Со тоа, ризикот од злоупотреба е целосно исклучен.
Потврда на нарачката
Веднаш по успешното плаќање, системот автоматски испраќа потврда на вашата е-пошта со сите детали за нарачката. Доколку сте регистриран корисник, статусот на нарачката можете да го следите и преку вашиот профил на страницата.
Рефундација
Во случај на откажување на нарачката или враќање на производ, износот што сте го уплатиле преку картичка ќе ви биде рефундиран во целост на истата сметка (картичка) од која е извршено плаќањето. Рокот за поврат е до 14 дена, во согласност со законските регулативи и правилата на банката.
