Опис
Машина за сечење плочки со ноже за сечење со дијаметар од 16мм. Има единечна водилка изработена од метален профил со димензии 20 x 12 мм. Главата сместена на лежишта со лагери овозможува прецизно сечење на плочките. На машината има и метричка скала со агломер за попрецизно сечење. Има горен дел со дебелина од 2 мм кој има способност да ублажува удари. Покриен е со стирогума што е дополнителна погодност при користењето на машината. Оваа машина е наменета за полупрофесионална намена. Има и додаток за сечење отвори во плочките.








