Купување преку веб страницата
1. Креирање и користење на профил
За да купувате преку нашата веб страница, можете да изберете:
-
Купување со регистрација – со кликање на „Регистрирај се“ во горниот десен агол, внесување на личните податоци и потврда преку е-пошта. Регистрацијата се прави еднаш, а понатамошните нарачки се вршат со најавување на постојниот профил.
-
Купување без регистрација – по избор на производите во кошничката, ја избирате опцијата „Нарачка без регистрација“, ги внесувате податоците и избирате начин на плаќање.
Напомена: ве молиме секогаш проверете ги внесените податоци за точност.
2. Избор на производи
На почетната страница можете да пребарувате и избирате производи според категорија, бренд или вид на производ. Дополнително се достапни филтри за цена, достапност, попусти и други параметри.
Секој производ содржи опис, технички спецификации и цена. Со клик на „Во кошничка“, производот се појавува во вашата кошничка, а можете да додадете и повеќе парчиња од истиот производ.
3. Кошничка и нарачка
Кошничката е достапна во секое време со клик на иконата во горниот десен агол. Таму се прикажани сите избрани производи, со можност да ги отстраните или да ја зголемите количината.
Напомена: производите додадени во кошничка не се резервираат.
Кога сте подготвени за купување, ја потврдувате нарачката, избирате начин на плаќање и преминувате кон финализација.
Купување е можно и телефонски или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи.
4. Начини на плаќање
Достапни се два начина на плаќање:
-
Плаќање по достава (во готово) – извршувате уплата директно на курирот при испорака.
-
Плаќање со платежна картичка – се прифаќаат Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro и Diners.
За плаќање со картичка, се внесуваат: број на картичка, име и презиме, датум на важност и CVV/CVC код. Податоците се користат исклучиво за процесирање на трансакцијата и не се чуваат во нашиот систем.
По успешна нарачка, добивате е-пошта со потврда и детали. Регистрираните корисници можат да го следат статусот на нарачката преку својот профил.
Напомена: во случај на откажување, средствата се враќаат во рок од 14 дена на истата картичка или сметка од која е извршено плаќањето.
5. Достава
Рокот за испорака е 2 до 4 работни дена.
Испораката се врши од понеделник до петок, помеѓу 09:00 и 17:00 часот, на адресата што ја имате наведено. Курирот најчесто контактира телефонски за да го потврди терминот.
Ако при првиот обид не може да ве најде, ќе се направи втор обид. Доколку и тој е неуспешен, пратката се враќа кај нас, по што ќе бидете контактирани за да се договори нова испорака.
